
Интер го очекува важен меч во Лигата на шампиони во Германија против Борусија Менхенгладбах.
После четири кола Интер во Лигата на шампионите има само четири освоени бодови и се наоѓа блиску до елиминација. Денес Интер гостува кај лидерот во групата Борусија Менхегладбах, а првиот меч беше завршен со 2:2.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Пред овој натпревар Конте зборуваше за Хакими и порача дека мора да ја поправи играта во одбраната.
„Одете и погледнете што на почетокот на сезоната кажав за Хакими. Останувам доследен на себе. Тој има потенцијал, но мора многу да работи на играта во одбраната. Во Италија постојат притисоци, очекувањата и барањата се поголеми отколку во Германија и Премиер лигата, посебно во тим како Интер. Тој е играч кој има добар потенцијал, но мора да работи знаејќи дека има притисок“, изјави Конте на прес-конференцијата пред мечот.
Ќе потсетиме, Интер мора да победи ако сака да ги задржи математичките шанси за пласман во следната фаза.