Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по шпански дефанзивец

Манчестер Јунајтед тргнува по шпански дефанзивец

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес може да се пресели во Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започнало преговори со 23-годишниот Шпанец. Виљареал пак е спремен да го пушти Пау Торес доколку пристигне добра понуда во зимскиот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и веќе има 7 настапи за шпанската репрезентација.

Манчестер Јунајтед оваа сезона има проблеми во одбраната и прими 16 гола на 9 натпревари, па бараат засилување во дефанзивната линија.

Цената на Торес во моментов изнесува 40 милиони евра, сума која англискиот клуб е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…