На вчеашната трка за Големата награда на Бахреин, возачот на Хас Роман Грожан имаше страшна несреќа.
Болидот на Грожан се преполови и се запали, а за среќа тој со помош на стујардите кои имаа брза реакција успеа да излезе од болидот и помина со изгореници на рацете. Грожан по несреќата се огласи од болница и порача дека „хало“ системот (заштитникот во кокпитот) му го спасил животот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Здраво на сите. Сакам да ви кажам дека сум добро, добро не баш целосно. Ви благодарам за пораките. Да не беше „хало“ системот, една од најдобрите кои беа воведени овие години, веројатно немаше да бидам тука пред вас. Благодарам и до медициснкиот тим во болницата, но и до луѓето на патеката. Се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките“, изјави Грожан.
Несреќата на Грожан можете да ја видите – тука.