Дома Фудбал Гвардиола: Фудбалерите ја изгубија радоста од играта

Гвардиола: Фудбалерите ја изгубија радоста од играта

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека играњето на голем број натпревари може да влијае негативно на фудбалерите и тимот.

Вчера „граѓаните“ со високи 5:0 го победија Барнли, но Гвардиола тврди дека фудбалерите полека ја губат радоста од играта.

„Проблемот е што фудбалерите ја изгубија радоста од играта. Порано игравме еднаш или два пати неделно пред публика. Сега на секои три дена доаѓа нов дуел. Ќе патуваме до Порто, па се враќаме и веднаш играме против Фулам“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити имаше проблем со реализацијата и во првите 8 меча имаше постигнато само 10 гола.

„Нормално дека треба да постигнуваме повеќе голови. Габриел Жесус се враќа и треба да дава повеќе голови. Но, головите зависат од целиот тим, не од напаѓачите“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …