Дома Фудбал „Пеколот“ на Азар продолжува, осма повреда откако е во Реал

„Пеколот“ на Азар продолжува, осма повреда откако е во Реал

Реал Мадрид долго го посакуваше Азар и за неговиот потпис издвои 100 милиони евра, но Белгиецот до денес не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголема причина за тоа се повредите, поради кои Азар никако не може да има континуитет и да ја врати препознатливата форма.

Азар синоќа повторно се повреди против Алавес, што беше осма повреда во последните 16 месеци поминати во Мадрид. Тој одигра само 25% од можните минути сезонава, додека минатата сезона имаше 33,6% минутажа.

Така, за целото време во Реал Мадрид, Азар нема ниту една третина (31,8%) од можните минути на теренот. За споредба, за седум години во Челзи, фудбалерот имапе 12 повреди.

Оваа сезона Азар одигра три натпревари во Ла Лига и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој клуб го сруши рекордот и ќе има најмногу играчи на Светското првенство

Светското првенство во фудбал почнува за осум дена, од денес се познати списокот на сите 4…