Бруно Фернандеш прерасна во еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед откако во јануари пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон во трансфер вреден 80 милиони евра.
Португалскиот играч за врска до сега постигна 21 гол во 35 натпревари за Јунајтед и додаде 13 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако дојде во клубот пропушти само два натпревари и учествуваше во 22 победи, а Јунајтед со него во просек постигнуваше по 2.2 гола по натпревар.
Навивачите на „Црвените ѓаволи“ некогаш го обожаваа неговиот сонародник Кристиано Роналдо кој во меѓувреме продолжи да блеска во тимови како Реал Мадрид и Јувентус. Солскјер сега порача дека Бруно за овој тим на Јунајтед значи како и некогаш Роналдо.
„Дефинитивно неговото присуство влијае на соиграчите, само погледнете ги резултатите кои ги остваривме од кога дојде. Бруно е полн со енергија, поседува нота на лидерство и е вистински тимски играч. Тој е нашиот Кристиано Роналдо“, изјави Норвежанецот.
Натпреварот за овој викенд Јунајтед го игра утре од 15:00 часот, а противник ќе им биде екипата на Саутемптон.