Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на ѕвездата на Марсеј.
Станува збор за Флоријан Таувин, кој одби да го продолжи договорот со Марсеј и веќе започнал преговори со „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него интерес покажуваа клубови од Премиер лигата како и Севиља, но медиумите тврдат дека Милан е во пол-позиција.
„Туавин е играч кој на лето ќе биде слободен агент и е интересен за нас. Потребен ни е профил на искусен и квалитетен играч и ја следиме ситуацијата“, потврди Малдини.
Со оглед дека неговиот договор завршува на крајот на сезоната, Милан ќе му понуди на францускиот клуб симболична сума за да го донесе уште во јануари, во спротивно Французинот ќе пристигне на „Сан Сиро“ без обештетување.