Дома Фудбал Англија Јунајтед без Погба против Саутемптон

Јунајтед без Погба против Саутемптон

Играчот за врска, Пол Погба ќе го пропушти и неделниот натпревар на Јунајтед против Саутемптон, откри тренерот Оле Гунер Солскјер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер на пресконференцијата откри дека Погба се уште не се рехабилитирал од повредата на глуждот.

„Мектомини и Погба не тренираа денес и најверојатно нема да бидат на располагање. Повредата на Погба е различна и од таа која ја имаше минатата сезона. Рашфорд, Линделоф и Бисака би терабло да се добро, но сигурно не 100%“, изјави Солскјер, кој даде и свој коментар за Марадона.

„За мене Диего секогаш ќе биде најдобриот играч кој сум го видел. Човек со неверојатен талент и вечна насмевка. За мене тој секогаш ќе биде најдобриот“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шокантна изјава: Дали ова е доказ дека еден натпревар на Мундијалот е договорен? (Видео)

Ријад Марез, најголемата ѕвезда на алжирскиот фудбал, ги разгори шпекулациите околу натпре…