Дома Фудбал Останато Платини: Ги очекував лошите вести за Марадона

Платини: Ги очекував лошите вести за Марадона

Мишел Платини, легендата на францускиот фудбал жали поради смртта на Диего Марадона, но признава и дека истата ја очекувал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Платини не бил изненаден од веста за смртта на Марадона поради начинот на кој живеел Марадона.

„Голема загуба за фудбалот, но после се што се случуваше во последните години искрено ова го очекував. Се припремив за денот кога на радио ќе ја слушнам веста за смртта на Марадона. Очекував лоши вести. Знам дека е тажно, ова е момент во кој ви се крши срцето. Тогаш се јавува чувство на носталгја. Не го обвинувам него за неговите грешки, виновни се луѓето колу него. Добро го искористија и не помогнаа да се опорави. Жал ми е поради тоа. Марадона беше одличен фудбалер, фудбалски Бог“.

Аргентина прогласи тридневна жалост во земјата.

„Мислам дека кога мене и Зидан ќе не снема ќе нема тридневна жалост во Франција“, изјави Платини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова е лицето на фудбалер кој се обидува да разбере што му говори судијата на лош англиски

БРАЗИЛСКИОТ судија Вилтон Сампајо стана една од главните теми на првата вечер на Светското…