Дома Македонски спорт Рочи и Андонова пред Казахстан: Спремни сме и посакуваме победа

Рочи и Андонова пред Казахстан: Спремни сме и посакуваме победа

Денес на еден ден пред последниот натпревар од квалификациската група против Казахстан, женската А репрезентација го одработи официјалниот тренинг во студениот Алмати.

Ниту големата временска разлика, ниту ладното време не го расипаа доброто расположение на репрезентативките и стручниот штаб и нивната решеност да ги донесат во Македонија трите бодови.


„Сакам само да кажам дека сме подготвени за утрешниот натпревар и комплетно сме фокусирани. Добро го познаваме пртивникот и нивниот начин на игра, и сигурна сум дека со екипита ќе го дадеме максимумот за да ја донесеме победата“ изјави Гентијана Рочи.

„Утре е последниот натпревар од овие квалификации за Европско Првенство. По неколкудневните подготовки се чувствуваме спремни да го одиграме овој натпревар и сите посакуваме победа. Знаете дека ни недостасуваат неколку првотимки поради позитивни тестови за КОВИД 19 – па утрешниот натпревар ќе им го посветиме на сите оние кои мораа да останат дома, на играчитге и селекторот. Ние посакуваме победа и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат. И покрај ладното време и големата временска разлика нема да се предадеме и храбро ќе пристапиме на натпреварот“ кажа Наташа Андонова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСВ ја одбрани титулата во Холандија

Тимот од Ајндховен успеа да ја заокружи сезоната со одбрана на титулата првак на Холандија…