Дома Фудбал Германија Кристијан Ериксен се сели во Германија?

Кристијан Ериксен се сели во Германија?

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен би можел да ја напушти Италија веќе во јануари.

Ериксен премина во Интер од Тотенхем, но се помалку игра кај Антонио Конте и не е исклучено да дојде до трансфер веќе во јануарскиот преоден рок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Германската екипа Борусија Дортмунд ја разгледува можноста за позајмица на данскиот репрезентативец. Овој клуб и претходно сакаше да го донесе Ериксен, а сега е подготвен да го искористи неговото незадоволство во Италија.

28-годишниот Ериксен имаше само три настапи во стартниот состав оваа сезона и најчесто добива шанса од клупата.

Се поврзува и со некои англиски клубови, но веројатно ќе се пресели во Германија како позајмен играч на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Тен Хаг поради пет милиони евра одби клуб каде што стана легенда

Само две недели по неочекуваното отказ во Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг наводно одбил да ј…