Дома Топ вести Гвардиола: Сакам Меси да остане во Барса, кажав 1000 пати

Гвардиола: Сакам Меси да остане во Барса, кажав 1000 пати

Во текот на вчерашниот ден Манчестер Сити потпиша нов двегодишен договор со Пеп Гвардиола.

Тоа додатно ги разгоре шпекулациите за трансферот на Меси, а медиумите тврдат дека новиот договор на Гвардиола значи сигурно доаѓање на Аргентинецот на „Етихад“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес новинарите очекувано го прашаа Гвардиола за евентуален трансфер на Меси, а тој даде интересен одговор.

„Сакам Меси да остане во Барселона. Тоа сум го кажал илјада пати. Сепак, неговиот договор истекува и само тој знае што му поминува низ глава. Има уште доста време до лето и се може да се случи“, изјави Гвардиола.

„Чувствувам голема благодарност до Барселона и се што клубот направи за мене. Меси е фудбалер на Барселона. Како приврзаник на Барса, би сакал Меси да ја заврши кариерата таму“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…