Дома Фудбал Тепачка со скршен нос на тренингот на Арсенал

Тепачка со скршен нос на тренингот на Арсенал

Двајца фудбалери на Арсенал се степале за време на тренингот во петок минатата недела, откриваат медиумите на Островот.

Физичката пресметка настанала откако Дани Себаљос остро стартувал над Давид Луиз.

Бразилецот бил толку лут што го срушил соиграчот на земја со силен удар во нос. Себаљос, иако имал крвав нос веднаш станал да возврати, но соиграчите спречиле поголема тепачка.

На следниот тренинг, кој бил дури во вторник, двајцата се извиниле за инцидентот и ја признале грешката.

Притисокот во Арсенал е голем откако на последните четири меча запишаа три порази во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само шест минути радост за Хал: Јакировиќ никако да стигне до победа

Хал направи пресврт против Ипсвич, но заврши со 2:2 и ја продолжи серијата без победа на о…