Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му соопштил на Иско дека слободно може да си бара нов клуб, пренесуваат шпанските медиуми.
Зидан отворено му го кажал тоа на Иско после еден тренин и му порачал дека најдобро е да си побара нов клуб, открива „Марка“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иско оваа сезона не е во плановите на Зинедин Зидан и ретко добива шанса, а на Ел Класико камерите го снимија како приговара од клупата за резерви.
Реал сака да се ослободи од плејмејкерот уште во јануарскиот преоден рок и веќе поставил цена од 25 милиони евра.
Интерес за Иско покажуваат неколку европски гиганти, а јасно е дека неговата цена драстично падна после лошиот период.