Дома Трансфер зона Агентот потврди: Најбараниот играч за врска прави трансфер во јануари

Агентот потврди: Најбараниот играч за врска прави трансфер во јануари

Европските гиганти веќе ја почнаа битката за потписот на ѕвездата на Салцбург, Доминик Собослај.

20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра, а тоа го прави уште поинтересен за европските гиганти.

Минатото лето Милан покажува најсилен интерес за овој „дијамант“, а сега во трката се вклучија Баерн Минхен, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Арсенал и Лајпциг.

Агентот потврди дека се уште нема постигнато договор со ниту еден клуб, но во јануари најверојатно ќе ја промени средината.

„Ќе бидам изненаден ако и после јануари остане во Австрија. Интересот за него е огромен. Сигурен сум дека ќе избере клуб каде што ќе може додатно да се развива“, изјави агентот на Собослај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…