Дома Фудбал Репрезентации За Ерменија останавме и без Елмас!

За Ерменија останавме и без Елмас!

Oна што се најавуваше вчера после натпреварот против Естонија денес доби и потврда. За Никозија на дуелот со Ерменија патуваме без Елиф Елмас.

Селекторот Игор Ангеловски вчера на прес-конференцијата по натпреварот изјави дека Елиф се пожалил на болки во мускулот. По деталните прегледи стана и јасно дека и без Елмас ќе бидеме во дуелот со Ерменците.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ова е само уште еден удар и проблем за селекторот кој за овој дуел се соочува со огромни проблеми. Арјан Адеми, Горан Пандев и Столе Димитриевски беа ослободен уште пред дуелот со Естонија, а по него отпаднаа Бобан Николов и Спировски поради суспензии, Алиоски не го издржал тренингот пред тој дуел, Кире Ристевски не може да патува поради проблем со изолацијата, а без Барди останавме уште пред дуелот со Грузијците.

Ваквата ситуација значи дека Македонија против Ерменија ќе игра практично со втор состав. Ќе потсетиме од овој дуел ни е доволен и бод за да обезедиме прва позиција и промоција во ранг погоре, односно „Б“ лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …