Јордан Лечков кој е еден од најславните бугарски фудбалери во историјата зборуваше за ситуацијата во бугарскиот фудбал и нивната ситуација ја спореди со нашата.
Тој на оваа тема зборуваше откако вчера Бугарија претрпе пораз од Финска со 0:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред 10 годин кажав дека треба добро да го погледнеме националното првенство, да видиме што е со натпрварите среда-сабота и да видиме кои Бугари играа тогаш. Погледнете ја само Македонија, не ви ја посочувам како пример затоа што сега ќе играат на Европско првенство, туку како пример каде играат македонските фудбалери, а каде нашите. Мора лигата да ни биде посилна, но и младите се помалку имаат желба за спорт и сите сме виновни за тоа“, изјави Лечков.
Инаку, Лечков сега е претседател на Фудбалскиот сојуз на Бугарија, а беше дел од генерацијата на Бугарија која на Светското првенство во 1994 година направи неверојатен успех и заврши како четвртопласирана.