Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја обезбеди седмата титула во Формула 1 на три трки пред крајот, откако триумфираше на Големата награда за Турција.
Британецот на патеката „Истанбул парк“ дојде до 10. триумф сезонава, а во 94. победа во кариерата, додека неговиот главен конкурент во борбата за титула Валтери Ботас беше далеку зад него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред последните три трки, Хамилтон има 110 бодови повеќе од својот тимски колега и тој е недостижен на првата позиција.
Второто место го освои Серхио Перез од Рејсинг поинг, додека третопласиран беше Себастијан Фетел од Ферари.
Мора да се признае и дека добра трка имаа Карлос Саинц, кој заврши петти, како и Шарл Леклер, кој на крајот испушти подиум.