Дома Трансфер зона Ел Шарави се враќа во Рома

Ел Шарави се враќа во Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Ел Шарави е пред враќање во Рома.

28-годишниот Италијанец сака да си замине од Кина и веќе постигнал договор со раководството на „волчицата“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ел Шарави минатото лето ја напушти Рома и се пресели во Кина во тимот на Шангај Гренландс со кој потпиша договор до 2022 година.

Рома и во летниот преоден рок сакаше да го врати на „Олимпико“, но не успеа да се договори со кинескиот клуб.

Ел Шарави е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија и готово извесно во јануари повторно ќе го облече дресот на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…