Дома Трансфер зона ПСЖ не го дава Мбапе, ќе го прави најплатен фудбалер на светот

ПСЖ не го дава Мбапе, ќе го прави најплатен фудбалер на светот

Пари Сент Жермен ќе направи се за да го задржи Килијан Мбапе во своите редови, па му понуди богат договор на младиот Французин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во моментов договорот на Мбапе истекува во 2022 година и двете страни веќе подолго време се во преговори за продолжување на истиот.

ПСЖ е спремен да му понуди рекордна плата од 40 милиони евра по сезона плус бонуси, но не сака во договорот да има откупна клаузула, или пак се согласува доколку таа биде „астрономска“.

Сега се чека одлука на Мбапе, дали ќе стави потпис на овој договор или сепак ќе чека Реал Мадрид да испрати понуда.

Французинот на лето ќе влезе во последната година од договорот и ако не стави потпис на нов договор сигурно ќе го напушти ПСЖ, но тешко дека некој друг клуб може да му понуди толку висока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…