Дома Фудбал Англија Ван де Бек не е задоволен во Манчестер: Сакам да играм

Ван де Бек не е задоволен во Манчестер: Сакам да играм

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек отворено го искажа своето незадоволство од статусот во тимот.

Од почетокот на сезоната Солскјер не смета на него, па Холанѓанецот често е на клупата за резерви.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има одиграно само 74 минути во Премиер лигата, а сега испрати порака до својот клуб.

„Можеби звучи како клише, но навистина сакам да играм повеќе. Во Манчестер сите ме примија добро и ми помагаат. Јас сум трпелив човек, но секој фудбалер сака да игра што е можно повеќе. Се обидувам кога ќе добијам шанса да ја искористам максимално“, изјави Ван де Бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…