Денес е голем ден за македонскиот фудбал, националниот тим ќе се бори за пласман на ЕП, па поддршка пристигнува од сите страни.
Помеѓу оние кои испратија поддршка до фудбалерите е и познатиот пејач Владимир Блажев – Панчо од ДНК.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Од врвот на Скопје им испраќам позитива на нашите јунаци. Играјте без притисок. Играјте како што вие најдобро знаете, бидејќи што и да се случи вие сте нашите победници. Играјте за Горан Пандев, да ја заокружи блескавата кариера на најдобар можен начин. За Барди, Ристевски, Велкоски кои за жал се спречени да помогнат кога е најпотребно. На крајот, играјте за Македонија, за целата нација и овој напатен и несреќен народ на кој вие единствено можете да му донесете насмевки и радост. Среќно момци, цела Македонија е со вас“, напиша Панчо со фотографија покрај крстот на Водно.