Дома Трансфер зона Англиските гиганти се „тепаат“ за талентот на Спортинг

Англиските гиганти се „тепаат“ за талентот на Спортинг

Ливерпул и Арсенал се заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш, пренесуваат англиските медиуми.

18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти, пред се Ливерпул и Арсенал.

Неодамна Мендеш потпиша професионален договор со Спортинг Лисабон до 2025 година, а во него е поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Нуно Мендеш одигра 17 натпревари за Спортинг У23, еден натпревар за екипата на У19, а исто така запиша и 9 настапи за првиот тим на Спортинг.

Европските гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и се очекува Мендеш на лето да направи голем трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…