Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид тргнува по Чалханоглу

Атлетико Мадрид тргнува по Чалханоглу

Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни се далеку од договор.

Ситуацијата будно ја следи Атлетико Мадрид кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Ванда Метрополитано“.

Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден, а покрај Атлетико интерес покажува и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…