Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Ериксен се сели во градскиот ривал

„Бомба“ од Апенините: Ериксен се сели во градскиот ривал

Италијанските медиуми тврдат дека Кристиан Ериксен во јануари најверојатно ќе го напушти Интер.

Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Данецот беше блиску до напуштање на Интер во летниот преоден рок, но сепак остана во Милано. Меѓутоа, работите не се променија, па сега и „нероаѕрите“ сакаат да се ослободат од него.

Медиумите на Апенините тврдат дека силен интерес за Ериксен покажува Милан, па Малдини веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Интер преферира да го продаде Ериксен надвор од Серија А, но доколку не пристигне друга понуда спремни се да ја прифатат понудата на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…