Милан во летниот преоден рок не успеа да доведе дефанзивец, па тоа ќе биде приоритет за „росонерите“ во јануари.
„Спортмедиасет“ пренесува дека главна мета за Милан и понатаму останува дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан веќе постигна договор со агентите на турскиот репрезентативец, но не успеа да се договори со Шалке околу обештетувањето.
Шалке е спремен да го продаде дефанзивецот во јануари, но Милан доби силна конкуренција бидејќи Ливерпул во Кабак гледа идеална замена за повредениот Ван Дајк.
Двата клуба ќе водат голема борба за потписот на турскиот репрезентативец, чија цена изнесува околу 20 милиони евра.