Дома Македонски спорт Ангеловски: Знаеме против кого и зошто играме, мотивирани сме да победиме!

Ангеловски: Знаеме против кого и зошто играме, мотивирани сме да победиме!

Денеска репрезентацијата на Македонија се собира пред историскиот натпревар со Грузија во четврток.

Селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми пред овој дуел затоа што неизвесен за настап е Арјан Адеми кој е повреден, а од списокот отпадна Даниел Божиновски. Голманот на Силекс беше позитивен на Ковид-19.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Од оние што пристигнаа Даниел Божиновски е позитивен на Ковид-19 и нема да биде во комбинација за следните натпревари. Кире Ристевски исто така треба да има негативен тест за да може да ни се придружи. Адеми ќе оди на детални прегледи после повредата на загревањето пред натпреварот на Динамо. Се надевам дека нема да имаме дополнителни проблеми со пристигнувањето на останатите“.

„Знаеме со кого играм и зошто играме. Мораме да бидеме сконцентрирани и мотивирани за да победиме и се пласираме на ЕП. Натпреварот носи навистина многу емоции бидејќи имаме шанса да испишеме историја во нашата фудбалска историја. Среќни сме што сме дел од финалето, но немаме намера тука да застанеме. Очекувам натпреварот да го одлучат нијанси, се надевам дека тие нијанси ќе бидат на наша страна“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…