Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.
Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни се далеку од договор.
Ситуацијата будно ја следи Манчестер Јунајтед кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Олд Трафорд“.
Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден бидејќи „црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуда.