Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е во трансфер списокот на Челзи, пренесува „Тутоспорт“.
Аргентинецот преговара со раководството на „бјанконерите“ за продолжување на соработката до 2025 година, а „сините“ од Лондон внимателно ја следат ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала во последните неколку години покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па Челзи е спремен да го „одврзе кесето“ за да го доенсе на „Стенфорд Бриџ“.
Италијанските медиуми тврдат дека Дибала не е во плановите на Андреа Пирло и дека е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда.
Челзи сака уште во јануари да го донесе Аргентинецот и веќе стапил во контакт со неговиот агент.