Дома Фудбал „Видал повеќе не е на нивото од Јувентус, карактер има но мора да даде повеќе“

„Видал повеќе не е на нивото од Јувентус, карактер има но мора да даде повеќе“

Фудбалерот на Интер Артуро Видал добива критики после поразот од Реал во третото коло од Лигата на шампионите со 3:2.

Последен во низата кој го критикуваше Видал е поранешниот фудбалер на Фиорентина, Тотенхем и Интер, Никола Берти. Тој „Газета дело Спорт“ изјави дека Видал повеќе не е на нивото на кое некогаш беше во Јувентус.

„Првенствено ми недостигаат голови. Има квалитет и искуство, ми се допаѓа како играч, но мора да направи повеќе. Чекаме Видал да постигне гол, а не да греши како против Реал во првото полувреме. Тој е фантастичен карактер, мотор, но мора да даде повеќе. Прво мора да изгуби неолку килограми. Тоа го зборувам отворено и е вистина. Промени неколку клуба, но ниту во Барселона не беше на нивото од Јувентус. Го гледаме како шампион, но мора да даде повееќ“, изјави Берти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон пред одлука за иднината, Ираола призна: Не знам дали ќе остане

Договорот на бразилскиот голман истекува во јуни, а тренерот на Ливерпул се надева дека со…