Дома Фудбал Легендата жестоко го нападна Јунајтед: Изгледаат како детски тим

Легендата жестоко го нападна Јунајтед: Изгледаат како детски тим

Поразот на Манчестер Јунајтед од Башакшекир во Лигата на шампиони дополнително ги засили критиките кон тимот и менаџерот.

Легендата на клубот, Пол Сколс беше најжесток во критиките и го нарече Јунантед „детски тим“.

„Ова е комично, ова е смешно, навистина. Морате да имате човек на средината од теренот кога изведувате корнер. Можете да видите како Мајк Фелан му кажуваше на Матиќ дека треба да биде поназад. Вака реагираат деца до 10 години. Јунајтед во моментов изгледа како тим на деца“, изјави Сколс.

„Разбирам доколку се работи за последна минута, се обидувате да постигнете гол по секоја цена, но ова да се случи по 15 минути. Ова е срамно. Не знам што правеа играчите во одбраната“, додаде Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влезе во 79. минута, па со гол и асистенција ја запечати победата на Цирих

Селмин Хоџа беше меѓу клучните играчи во гостинскиот триумф на Цирих над Јанг бојс со 5:3.…