Дома Фудбал Италија Елмас: Гатузо ми вели дека сум како животно

Елмас: Гатузо ми вели дека сум како животно

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, вечерва со Наполи ќе гостува кај Риека во натпревар од третото коло во Лига Европа.

Елмас се опорави од коронавирусот и после подолго време се враќа во тимот, но тврди дека е комплетно спремен за игра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Одлично се чувстуввам и спремен сум да настапам. Поминаа десет дена во кои немав никакви спорткси активности бев во изолација сега сум подготовен да помогнам на тимот.  Подготвен сум да ги покажам своите квалитети, како и да е, млад сум и треба да работам, останатото останува на тренерот“, изјави Елмас.

„Ништо посебно не ни рече Гатузо пред овој меч. Мене секогаш ми кажува дека сум како животно, во смисла голем борец кој не бега од ништо. Тој е специфична личност и ми се допаѓа како работи со мене“, додаде македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ретклиф има план кој ќе ги налути навивачите на Јунајтед, но ќе го израдува Аморим

Сопственикот на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, и покрај слабите резултати на клубот,…