Дома Трансфер зона Шпански новинар: Два клуба му понудиле двегодишен договор на Рамос

Шпански новинар: Два клуба му понудиле двегодишен договор на Рамос

Популарниот шпански новинар Едуард Инде, кој во популарната емисија „Чирингито“ објави дека Серхио Рамос имал две понуди, предизвика шпекулации во италијансите и француските медиуми.

Рамос има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, а Реал му нуди договор на уште една сезона, додека капитенот сака двегодишна соработка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез многу добро знае дека Рамос не сака по 16 години да го напушти тимот, но ќе мора да размисли во врска со неговата понуда.

Новинарот објави дека Јувентус и ПСЖ испратиле понуди до Рамос и тие му нудат двегодишен договор на легендарниот стопер, кој претходно се поврзуваше и со Манчестер јунајтед.

Рамос сака иста плата, односно околу 11 милиони евра, а тоа за фудбалер кој ќе наполни 35 години можеби во моментов изгледа навистина многу, но сепак Шпанецот е еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…