Дома Фудбал Германија Легендарниот Герд Милер во тешка здравствена состојба

Легендарниот Герд Милер во тешка здравствена состојба

Легендарниот германски голгетер Герд Милер боледува од деменција и неговата состојба е многу сериозна, објави неговото семејство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој изминатите пет години е во специјализирана установа близу Минхен каде утре ќе го прослави својот 75 роденден.

„Милер речиси 24 часа во текот на денот минува во кревет, има само ретки моменти кога е буден и полека се лизга кон задгробен живот“, изјави за „Билд“ неговата сопруга Уши Милер.

Милер има постигнато 365 голови на 427 биденслигашки натпревари за Баерн, а 62 голови на 68 натпревари за Западна Германија. Беше најдобар стрелец на Мундијалот 1970 и истата година ја освои „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Капитен на познат клуб претепан до смрт пред својот дом – цела држава бара правда!

Давид Овори, 27-годишниот капитен на СЦ Вила и репрезентативец на Уганда, почина од повред…