Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар конечно се премисли за напуштање на Париз и сака да остане во клубот, пренесува „Ле Паризиен“.
Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ трае до јуни 2022 година, а Бразилецот се надева дека наскоро клуот ќе му понуди нов долгорочен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот „АС“ исто така пишува дека нема ништо од неговото враќање во Барселона, Нејмар ја прифатил реалноста и сака да остане во ПСЖ.
Французите се уште не започнале преговори со Нејмар за продолжување на договорот, бидејќи сметаат дека тоа не е приоритет во моментов.
Нејмар годишно заработува 31 милион евра, па „светците“ не сакаат да му понудат покачување на платата, но сакаат да го задржат уште долго во Париз.