Дома Фудбал Зидан: Против Интер како финале за нас

Зидан: Против Интер како финале за нас

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека утрешниот натпревар против Интер во Лигата на шампиони е како финале за неговиот тим.

Поради тоа Зидан побара задолжителна победа против Интер бидејќи неговиот тим нема право на уште еден кикс откако во првите две кола освои само еден бод.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Интер е добар тим. Тие ставаат голем акцент на физичката спремност и играат фудбал добро. Не чека уште еден тежок натпревар. Ова ќе биде како финале за нас. Впрочем, за нас до крајот на групата секој  мече е финале“, истакна Зидан.

„Уморен сум од слушање дека ни треба промена. Можеме да постигнеме многу со овој состав. Задоволен сум со тимот кој го имам на располагање. Момците се мотивирани за утрешниот меч“, изјави Зидан.

По две кола, Реал е последен во групата Б со еден освоен бод. Интер и Борусија Менхенгладбах имаат по два бода, а Шахтјор е на првото место со четири бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…