Јавноста многу малку знае состојбата на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер.
Како што е познато Шумахер заработи тешки повреди на главата на скијање на француските Алпи во 2013 година. Од тогаш ретки се оние кои биле во контакт со германскиот возач, еден од нив е неговиот поранешен близок соработк, Жан Тод.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Актуелниот претседател на ФИА во времето кога Шумахер се натпреваруваше беше шеф на Ферари. Тој и денес остана близок со семејството, а во интервју за „Де Телеграф“ откри дека редовно со Шумахер гледале телевизија.
„Редовно одам во посета на Михаел. Заедно гледаме телевизија. Тој и понатаму се бори заедно со семејството и докторите“, изјавил Тод.