Понудите пристигнуваат од сите страни за еден играч на Реал Мадрид.. Го сакаат Милан, Манчестер Јунајтед, Челзи, ПСЖ..
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Станува збор за колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез, кој по, за него фрустирачката сезона под палците на Зинедин Зидан сака што е можно поскоро да го напушти клубот.
Хамес во последните месеци се поврзуваше со многу клубови, па и со ПСЖ.
Сепак, „Calciomercato“ тврди дека Милан направил понуда вредна 53 милиони долари за 25-годишниот играч. Сепак, Родригез не брза со трансферот во Милан, бидејќи наводно повеќе е заинтересиран да заигра на англиските терени.
Дали на време ќе пристигне понудата од Челзи или Јунајтед, останува да се види. Во секој случај, Колумбиецот во моементов е на слатки маки.