Една деценија од светскиот медал на Жарко Арсовски
Точно пред 10 години, нашиот репрезентативец Жарко Арсовски го постигна најголемиот успех во историјата на светските првенства. Пред 10 години во Белград се одржа 20-то светско првенство, точно на одбележување на 40 години од првото светско првенство во 1970 во Токио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓу вкупно 875 каратисти и каратистки од 88 земји, од кои и 22 од Македонија, Жарко Арсовски во извонредно силна конкуренција во највисоката тежинска категорија +84 килограми успеа да оствари пет убедливи победи и само еден пораз во полуфиналето и тоа на изјаснување, откако против египетскиот натпреварувач Моханад Магди резултатот беше 1:1.
Фантастичната форма Жарко ја потврди во борба за бронзениот медал, каде што во доминантен стил го совлада русинот Камид Тебуев со 4:0. Со тоа Жарко Арсовски стана прв наш каратист освојувач на трофеј на сениорско светско првенство, што претставува гордост за македонскиот спорт.