Дома Фудбал Зидан за Бензема и Винисиус: Проблемот е што има многу камери

Зидан за Бензема и Винисиус: Проблемот е што има многу камери

Тренерот на Реал Мадрид не обрнува многу внимание на зборовите кои Карим Бензема ги кажа за Винисиус  за време на мечот против Борусија Мехенгладбах.

Камерите го фатија Бензема како во тунелот го оговара својот соиграч и го советува Менди да му додава.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Немам никаков проблем. Двајцата тренираат многу добро. Проблем е што сега има многу камери. На теренот се кажуваат многу нешта, но тие остануваат на теренот“, изјави Зидан пред утрешниот меч со Хуеска.

Винисиус е млад, има сегашнот и иднина во Мадрид. Многу работи, се труди, тој е момче кое сака да напредува. Фантастично е за еден тренер да има таков играч во тимот“, додаде Зизу, кој на крајот даде свој коментар за формирањето на Суперлига.

„Слушнав за идејата. Можам да кажам само дека и сега имаме многу натпревари. Дури немаме време да се насладуваме на победите. Сега за мене е важно да мислам за следниот меч“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Лука Модриќ има „само“ 40 години, а ги руши сите рекорди

Толку многу е кажано со суперлативи за неповторливиот Лука Модриќ, но тој секогаш наоѓа уш…