Дома Фудбал Останато Познато колку ќе паузира Нејмар

Познато колку ќе паузира Нејмар

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, ќе ги пропушти наредните три натпревари за „светците“, пренесуваат француските медиуми.

Бразилецот се повреди на натпреварот во Истанбул против Башакшехир, во Лигата на шампионите, па мораше да биде заменет во 26 минута.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека Бразилецот нема големо оштетување на мускулот, па ќе ги пропушти натпреварите кои ќе се одиграат до репрезентативната пауза.

ПСЖ ќе игра против Нант (31 октомври), Лајпциг (4 номеври) и Рен (7 ноември). Од почетокот на сезоната, Нејмар, во Лига 1 има одиграно четири натпревари, постигна два гола и забележа три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…