Дома Фудбал Италија Ериксен: Прашајте го Конте зошто не играм

Ериксен: Прашајте го Конте зошто не играм

Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен јавно го кажа своето незадоволество од ситуацијата во која се наоѓа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ериксен во јануари пристигна од Тотенхем како големо засилување, но не се вклопува во формацијата на Конте, па главно е на клупата за резерви.

Данецот не е задоволен поради таквата ситуација и очекува да добие поголема шанса од тренерот во продолжение на сезоната.

„Зошто играм малку? Прашајте го Конте. Јавете му се и прашајте го, бидејќи одлуката е негова. Во фудбалот постојано има подеми и падови. Малкумина успеваат да одат само нагоре“, изјави Ериксен.

„Подобро е да не мислам на критиките, секој има право на свое мислење. Треба да им верувам само на блиските и да ги игнорирам останатите“, заклучи Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси во чудо гледаше кон навивачите и слушаше што скандираат, а потоа реши да им одговори (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами постигнаа победа од 2:0 против Портланд Тимберс на домашен тер…