Дома Фудбал Официјално: Македонија нема да гостува во Ереван на 18 ноември

Официјално: Македонија нема да гостува во Ереван на 18 ноември

УЕФА денес донесе одлука да не се играат меѓународни натпревари во Ерменија и Азербејџан поради воената ситуација помеѓу двете држави.

Главна причина за суспендирањето на натпреварите кои овие селекции требаше да ги играат дома се воените акции во Карабах. Азарбејџан и Ерменија во наредниот период нема да може да играат дома.

Ова значи дека Македонија нема да гостува во Ереван на 18. ноември за кога е закажан дуелот со Ерменците и тој натпревар ќе се игра на неутрален терен.

Исто така одземено и домаќинството на Баку кој требаше да биде еден од градовите домаќин за Европското првенство. Дополнително УЕФА ќе избере друг град.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…