Дефанзивецот на Кадис, Рафаел Хименес откри интересна случка која се случила на мечот со Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хименес имаше многу дуели со Карим Бензема, а при еден дуел му поставил неочекувано прашање, па Французинот останал без зборови.
„Го прашав Бензема, „Човеку што парфем користиш?“ Не знаете колку убаво мирисаше. Што ми кажа? Ништо, само ме погледна како да сум глупав“, изјави Хименес, а потоа откри дека добро ја прославил победата.
„Утрото во неделата, му се јавив на мојот братучед и му реков, „Донеси ја гитарата, отворам виски“. Испивме цело шише“.