Поранешниот македонски репрезнетативец Марио Ѓуровски е именуван за тренер на Муантог Јунајтед каде што играше во два периоди од 2012 до 2015 и минатата година пред да ја заврши играчката кариера.
Ѓуровски започна како тренер на „Б“ тимот на Муантонг, a сега доби шанса да го води првиот тим. Со овој тим како играч Ѓуровски во 2012 година ја освoи шампионската титула, па сега ќе се обиде тоа да го направи и како тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова секако е голема чест за Ѓуровски кој репрезентативниот дрес го носеше на 12 натпревари.
Ќе потсетиме кариерата Ѓуровски ја започна во Чукарички и Звезда, па играше за Војводина, за од таму да се пресели во Металург Доњецк после што започна неговата епизода во Тајланд каде што покрај Муантонг играше за Банког Јунајтед и Банког Глас.