Дома Останати Ракомет Шок за ПСЖ: Заврши сезоната за Никола Карабатиќ!

Шок за ПСЖ: Заврши сезоната за Никола Карабатиќ!

За еден од најдобрите ракометари во светот, Никола Карабатиќ сезоната е завршена.

Имено, Карабатиќ заработил потешка повреда на вкрстените лигаменти и ќе отсуствува од теренот неколку месеци.

„Откако, поради повреда мораше да ја напушти играта во саботниот натпревар против Иври, Никола Каработиќ направи дополнителни прегледи на кои е утврдена потешка повреда вкрстените лигаменти на десното колено. Францускиот репрезентативец наскоро ќе оди на операција. Се проценува дека може да отсуствува од терените неколку месеци“, стои во соопштението на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ТБВ Лемго со сензационална победа против Фуксе Берлин

ТБВ Лемго приреди големо изненадување со победа над Фуксе Берлин од 37:36, додека Ерланген…