Утрово пристигна веста за двајца позитивни во Еурофарм Пелистер 2, а сега добиваме уште полоши вести – нови 8 позитивни во Тинекс Пролет.
Во вакви услови навистина не е јасно како може македонскио ракомет да се продолжи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Ракометниот клуб Пролет ја известува јавноста за нови случаи на Covid-19 во нашиот играчки кадар. Позитивниот тест на Петар Ангелов, кој се наоѓа во самоизолација и е со благи симптоми, беше причина за тестирање на сите ракометари и членови на стручниот штаб на нашиот клуб.
Резултатите се разочарувачки, и покрај настојувањето за максимално почитување на мерките, дури осум членови на Пролет од тестираните се позитивни и веќе се ставени во самоизолација.
Тимот на Пролет не е во тренажен процес уште од позитивниот тест на Ангелов и сите ракометари ќе останат во изолација за да се заштитиме од дополнително ширење на коронавирусот“, објави од Тинекс Пролет.