Дома Македонски спорт Со пенал во последните минути до бод со Грузија – во ноември нема да биде лесно!

Со пенал во последните минути до бод со Грузија – во ноември нема да биде лесно!

Репрезентацијата на Македонија денес го одигра натпреварот против Грузија во Лигата на Нации.

Грузијците ни покажаа дека во ноември нема да биде лесно и дека мораме максимално да бидеме спремни ако сакаме да се пласираме на Европското првенство. .

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во првото полувреме не гледавме атрактивен фудбал, Грузијците скоро и да не се заканија, а ние на два пати се заканивме преку Пандев.

Вториот дел донесе повеќе фудбал. Во 68 минута. Столе Димитриевски слично како и против Косово погреши со едно истрчување и лоша проценка. Овој пат не примивме гол, но тој играше со рака и доби црвен картон.

Предноста од играч повеќе Грузија знаеше да ја искористи и веднаш создаде една голема шанса, тогаш не реализира, меѓутоа нашата мрежа ја погодија веќе во следниот напад преку Кваратшкелија.

Во самиот финиш од натпреварот ние добивме пенал. Одговорноста ја превзема Езѓан Алиоски кој успешно најсторгата казна ја претвори во гол.

По ова реми на табелата ние и Грузија имаме по шест освоени бодови, па следи Ерменија со пет и Естонија е последна со два освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…