Дома Фудбал Тажни вести од Рим: Почина таткото на Тоти

Тажни вести од Рим: Почина таткото на Тоти

Легендата на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти остана без неговиот татко Енцо кој почина како последица на коронавирусот.

Енцо, таткото на Тоти, почина по компликации предизвикани од ковид-19. Тој се лекуваше во болница, а утрово го загуби животот на 76-годишна возраст.

Пред неколку години преживеа срцев удар, но овој пат не беше посилен од коронавирусот, па го загуби својот живот.

„Чао Енцо. Нашите прегратки одат кон Фиорела, Франческо, Рикардо и целото семејство Тоти“, се огласија од Рома, клубот во кој Тоти стекна легендарен статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковачиќ со сè помала улога во Сити, Фенербахче ја следи ситуацијата

Хрватскиот играч за врска има само три премиерлигашки настапи сезонава, а англиските медиу…