Дома Македонски спорт Чурлинов пред Израел: На нас е да освоиме што повеќе бодови, а на Господ дали ќе се пласираме на ЕП

Чурлинов пред Израел: На нас е да освоиме што повеќе бодови, а на Господ дали ќе се пласираме на ЕП

Македонската младинска репрезентација одигра одличен натпревар против Казахстан и славеше победа од 1:4, сега пред младинците е нов предизвик – Израел.

Најдобар поединец во победата против Казахстан беше Дарко Чурлинов кој блескаше во тој дуел, сега најави и бодови против Израел.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Тоа што го направив, го направив за екипата за да бидеме поблиску до пласман на Европското првенство. Мило ми е што резултатот излезе како што излезе на краот, голот кој го постигнав пред полувремето беше важен, драго ми е што помогнав на тимот“

„Со Израел сме подготовени да дадеме се од себе и повеќе од 100%, се надеваме и ние на три бода. Ќе се придружуваме на она што го зборува селекторот и тоа е најважно за нас. На нас е да ги одиграме сите натпревари до крај и да освоиме колку што можеме повеќе бодови, а на Господ е дали ќе се пласираме или не“, изјави Чурлинов пред Израел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…